Македонска академска истражувачка мрежа Политика на приватност
marnet.mk - Македонска академска истражувачка мрежа | МАРнет
Политиката на приватност е правен документ со кој се објавуваат начините на кои една страна прибира, користи, објавува и раководи со податоците на корисниците. При користење на интернет многу е важно да се заштити Вашата приватност и интернет страниците кои ги посетувате да го почитуваат Вашето право на приватност. Политиката на приватност на личните податоци на веб-страната го уредува начинот на кој МАРнет-Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците на www.marnet.mk веб-страната. Оваа Политика на приватност се однесува единствено за веб-страната. Вашата приватност целосно се почитува за време на посетата на нашата интернет страница. Природата на Интернетот е таква што пасивно и автоматски собира податоци за користењето на страната. Корисниците се идентификуваат преку нивните IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерот и се различни за секој корисник. Поврзување на овие адреси со идентитетот на посетителот не се врши освен во случај да биде констатиран обид за неовластен упад во системот со цел нанесување штета на оваа интернет локација. IP адресата сама по себе не е доволна за да се идентификува некое лице, но во соработка со интернет провајдерот може да се открие за кое лице точно станува збор. Оваа интернет локација употребува софтверски програм кој го следи мрежниот сообраќај со цел идентификација во случај на неавторизиран пристап. Нашите сервери автоматски ги евидентираат информациите за посетите на нашата интернет страна. Вашата IP адреса, типот на интернет пребарувач, типот на оперативниот систем, траењето на посетата на страницата како и содржините кои ги гледате се евидентираат како статистички податоци. Ние не ги користиме овие податоци во комбинација со било кои други податоци заради идентификување на одредени лица. Сепак го задржуваме правото да ги прегледаме овие евиденции и да ги користиме податоците запишани во нив од безбедносни причини, како на пример откривање на неовластени упади во компјутерскиот систем на МАРнет. МАРнет посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија и стандадрите кои постојат во рамките на институцијата.