Со цел укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурирате на пазарот на трудот, МАРнет овозможува волонтирање за заинтересираните граѓани. На ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Сл. весник на РМ“ бр. 85/07 и 161/08) најмногу до 15% од просечната месечна плата во република Македонија исплатена во претходната година. По завршување на волонтирањето, МАРнет не презема обврска за вработување на волонтерите
Заинтересираните кандидати да достават писмо за интерес, кратка биографија и копија од диплома за завршен факултет за информатички и електротехнички науки или потврда за апсолвент на eva.nestorovska@marnet.mk.
