Од 10.06.2014 година стапува на сила новиот Правилник за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД домен кој овозможува целосна либерализација на процесот на регистрација на домените.
Новиот Правилник го опфаќа и процесот на регистрација на .мкд домените, но регистрацијата на истите се уште не е започната. Во моментов се објавени само правилата под кои ќе се врши регистрација на .мкд домените во иднина, за што МАРнет ќе објави дополнително известување.
Процесот на пререгистрација продолжува согласно Правилникот.