Со цел укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурирате на пазарот на трудот, МАРнет овозможува волонтирање за заинтересираните граѓани. На ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Сл. весник на РМ“ бр. 85/07 и 161/08) најмногу до 15% од просечната месечна плата во република Македонија исплатена во претходната година. По завршување на волонтирањето, МАРнет не презема обврска за вработување на волонтерите
Заинтересираните кандидати да достават писмо за интерес, кратка биографија и копија од диплома за завршен факултет за информатички и електротехнички науки или потврда за апсолвент на eva.nestorovska@marnet.mk.
четврток, 19 јуни 2014
Прочитај повеќе
Од 10.06.2014 година стапува на сила новиот Правилник за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД домен кој овозможува целосна либерализација на процесот на регистрација на домените.
Новиот Правилник го опфаќа и процесот на регистрација на .мкд домените, но регистрацијата на истите се уште не е започната. Во моментов се објавени само правилата под кои ќе се врши регистрација на .мкд домените во иднина, за што МАРнет ќе објави дополнително известување.
Процесот на пререгистрација продолжува согласно Правилникот.
четврток, 19 јуни 2014
Прочитај повеќе
ДПТУ Автоматско технолошки системи, AMT http://amt.com.mk/ нема потпишано договор за Регистрар со МАРнет и не е Регистрар за .mk домени. Сите известувања кои се испратени до регистрантите со најава дека се работи за Регистрар се невистинити.
четврток, 19 јуни 2014
Прочитај повеќе